371
Парчиња фасада паѓаат од зградата на „Беко“ во центарот на Скопје од задната страна на паркингот.
Граѓаните кои живеат во околните згради и секојдневно поминуваат покрај оваа зграда, велат дека со страв се движат, незнаејќи што може да падне врз нивните глави и бараат општинските и градските власти да го решат овој проблем пред некој граѓанин посериозно да биде повреден.
Имено во оваа зграда е сместена управната служба на МВР, за идавање патни и лични исправи.