Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека ќе ја испочитува волјата на народот и мандатот за состав на новата влада ќе го даде на победникот на изборите Јанез Јанша.

Неговата Словоенечка демократска партија освои речиси 25 отсто од гласовите.
Пахор рече дека мандатот ќе го додели на релативниот победник на вчерашните избори, а чесно е, вели, бирачите да знаат за последиците од своите одлуки и дека нивните гласови се уважени.
„Дури ако дојде до тоа победникот да не може да состави влада, а тоа искуство сме го имел, тогаш ќе се бара друго решение“, вели пахор.
Тој ги повика сите кои ќе усчествуваат во процесот на формирање на идната влада, искрено да се потрудат, за на државата да и обезбедат успешна и сигурна иднина.
„Успешно формирање влада ќе биде најважна задача во следниот период. За тоа ќе ни биде потребно политичко трпение и многу мудрост“, додава Пахор.