За Никола Груевски, поранешниот премиер кој побегна во Будимпешта, а Унгарија му даде политички азил, пак ќе се бара екстрадиција.
Македонското министерство за правда денес соопшти дека ги следи судските постапки и дека повторно ќе бара Груевски да биде донесен во државава.
Министерство за правда: „Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година со образложение дека на Никола Груевски му е даден азил и согласно нивниот закон лицето не може да биде предадено на државата од која избегал.Состојбата со сите судски постапки внимателно се следи а Министерството за правда ќе постапи соодветно и ќе поднесе ново барање за екстрадиција,“ се наведува во соопштението на минситерството за правда
На 13-ти ноември 2018 година Груевски на Фејсбук соопшти дека се наоѓа во Унгарија и дека побарал азил.Тој тајно избега од земјава,откако се јави на Фесјбук од Будимпешта, основниот суд во Скопје му изрече нови 9 години затвор за уривање на „Космос“, 7 годин изатвор за „плацевите на Водно“, а се чека негово присуство за да почне да му се суди и за организаторите за 27- април. Министерстовот за правда не најави екстрадициија за уште едно дуо бегалци, поранешни тајни агенти од УБК и осудени во предметот за масовното прислушкување и уништување на опремата „Таргет- Тврдина“.