„ПАКЕТ.МК“ – ПАТОТ ДО УСПЕХОТ: Вашата бизнис идеја треба да биде со план и визија за раст!

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Во изминатата декада, онлајн купувањето бележи голем раст, а со појавата на пандемијата со Ковид-19, потребата од ефикасна е-трговија стана евидентна.

Последната година, ако ги споредиме податоците од јуни 2020 со истиот месец оваа година, можеме да забележиме раст на бројот на трансакции на интернет продажни места за 21%, a вредноста на трансакциите пораснала за 61%, односно од 274 милиони денари на 443 милиони денари. Иако традиционално, категории кои се продаваат онлајн се авионски билети, спортска опрема и сл. она што е забележително во последните две години е растот на онлајн- продажбата на храна и намирници. За разлика од купувањето други производи, купувањето на намирници е од суштинско значење за секое домаќинство.

Во набавката на производи за домаќинства пред скоро 4 години се појави Пакет.мк првиот онлајн-супермаркет со еден поинаков пристап и понуда на онлајн услуги со цел успешно да одговори на барањата на потрошувачите, како во поглед на цената, така и во поглед на квалитетот на производите и на времето за испорака.

Која е приказната зад овој млад, а веќе етаблиран бренд на пазарот, дознаваме директно од сопственикот и управител Драган Јосифовски.

„Идејата се роди уште во текот на моите студии во Лондон, а потоа следеше развој на концептот, техничката изработка и имплементација, сè до започнувањето со работа во јануари 2018 година. Почетокот секако не беше лесен, иако имавме позитивни реакции од страна на потрошувачите, сепак имавме потребата од брз развој, зголемување на асортиманот на производите и капацитетите. Поставивме високи стандарди, но со цел да ги оствариме, потребна беше и соодветна финансиска поддршка која ќе одговара на нашите можности, како start-up компанија. Стапивме во контакт со консултантската куќа СПМГ и Друштвото за управување со инвестициски фондови СПМГ Цапитал, кое управува со Микро инвестицискиот фонд (МИФ), приватен инвестициски фонд за микро, мали и средни претпријатија. Како резултат на нивната проценка на нашиот бизнис модел и на нашата идеја и визија, во 2019 година МИФ стана наш финансиски партнер. Ни помогнаа преку подобрување на финансиската структура, финансиски совети и добивме средства за набавка на нова опрема и зголемување на капацитетот за логистика, што се ефектуираше и со брз и значителен раст на приходите.

Втор значен момент и воедно предизвик со кој се соочивме беше појавата на пандемијата од Ковид-19 и вртоглавиот пораст на нарачките и потребата од брз одговор на барањата на потрошувачите, преку воведување нови технички можности за управување и планирање на залихите и термините за испорака. Со поддршката што ја имавме од нашиот финансиски партнер отворивме сопствен магацин и изградивме сопствена залиха. Брзината, точноста и свежината на производите се навистина важни. Тие се и едни од главните области во кои се разликуваме од конкуренцијата. Тоа е концептот по кој работиме и денес и кој ни озвоможува да ја понудиме најбрзата и најточната достава на пратки во Скопје, во однос на другите сервиси за достава на пратки или брза пошта.“

Слични содржини