14
Пакистанскиот министер за надворешни работи, Ишак Дар, денес изјави дека Исламабад ќе ги запре понатамошните воени активности доколку Индија го стори истото, велејќи дека неговата земја искрено сака мир.
„Ако има барем малку разум, Индија ќе запре, а ако тие застанат, ќе застанеме и ние“, рече Дар во интервју за локална телевизија, објави Си-Ен-Ен.
Тој нагласи дека Пакистан сака мир „без водство од која било земја“.
Коментарите на Дар дојдоа откако Индија и Пакистан разменија нови воени напади рано утрово и се обвинија меѓусебно за ескалација на тензиите.