Пакјао кандидат за претседател на Филипините

од Vladimir Zorba

Филипинскиот боксер Мени Пакјао е номиниран за кандидат на владејачката партија во Филипините за претседателските избори во 2022 година, објави неговиот близок соработник, сенаторот Аквиљино „Коко“ Пиментел Трети.

Пакјао ја прифати номинацијата, пренесува Ројтерс.

Тој е првиот боксер кој стана светски шампион во осум различни боксерски категории, а во кариерата има скор од 62 победи, седум порази и две нерешени средби. Тој ја освои својата последна светска титула во 2019 година во велтер категорија на 40 -годишна возраст.

Тој го носеше филипинското знаме на отворањето на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, иако дури и не настапи на нив. Тоа беше идејата на тогашниот филипински претседател Глорија Макапагал-Арохо.

Во мај 2010 година, Пакјао беше избран за Претставничкиот дом на Филипините.

Слични содржини