„Паксловид“ не е замена за вакцините, вели д-р Мехмедовиќ

од Nikola Popovski
625 прегледи

Терапијата со лекот „Паксловид“ се дава во првите 5 дена од формата на болеста. Не можете да го давате лекот кога болеста е во поодмината фаза, вели д-р Злате Мехмедовиќ.

Тој информира дека колку и да е ефикасен лекот, вакцинацијата останува примарна алатка и тој не е замена за имунизацијата.

-Колку и да има резултати, тој нема 100% ефикасност. Паксловид го олеснува товарот во болниците, додава Мехмедовиќ во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Вчера министерот за здравство, Беким Сали информираше дека Македонија е веќе во фаза на преговори со производителот Фајзер за набавката на овој лек.

-Прво се преговори, па набавка, па достава. Се додека ние чекаме апчиња да дојдат, истиот состав е во форма на вакцина. Исто ќе штити и не ја знаеме причината зошто не вакцина, а да за апче. Не гледам некоја разлика, рече Сали, додавајќи дека се уште не се знае кога „Паксловид“ би пристигнал во земјава.

Слични содржини