Палас го враќа Шурле на Островот

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Андре Шурле, може да замине во текот на летото откако беше близу до трансфер минатиот месец.

Според англискиот весник „Сан“, клубот во Премиер Лигата веќе е многу заинтересиран за светскиот шампион и е подготвен да го врати на Островот следната сезона.

Се работи за Кристал Палас, кој дури и ги информираше своите колеги од Дортмунд дека ќе започне преговори со нив на крајот на сезоната.

Шурле честопати беше измачуван од повреди и не можеше да го покаже својот полн потенцијал со тимот на Борусија. Како капак, тој има сериозна конкуренција во нападот, каде што оперираат уште Марко Ројс, Марио Геце, Максимилијан Филип, Андриј Јармоленко, Кристијан Пулишиќ и Џејден Санчо.

Интер е вториот клуб кој е подготвен да конкурира за германскиот репрезентативец. „Нероазурите“ беа подготвени да го земат во јануари, но шефовите на Борусија одбија да преговараат поради кадровските проблеми во офанзивен план.

Слични содржини