Палењето бадникарски огнови е чист паганизам увезен од Србија, порачува Георгиевски

од Nikola Popovski
390 прегледи

Претседателот на ВМРО-Народна и поранешен премиер, Љубчо Георгиевски смета дека палењето бадникарски е чист паганизам, увезен во земјава од Србија. Според него, граѓаните кои го прават тоа, прават паганство.

-Палењето огнови во градот Скопје во име на некаква христијанска македонска традиција е :
1.Крајно примитивна појава за еден град кој сака да биде урбан центар во Европа.
2.Самоубиствено од аспект на загаденоста и општото здравје.
3.Никаква христијанска традиција туку чист паганизам.
4.Никаква македонска традиција туку српска традиција увезена со српската слава. Ова е директна негација на македонскиот идентитет.
5.Ваков примитивизам не постои во Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Велес, Кавадарци и да не редам.
6.Македонската првославна црква години со ред се оградува од ваквиот начин на чекање на Бадник, стои во објавата на Георгиевски на Фејсбук.

Палењето бадникови, односно коледарски огнови е дел од традицијата на Скопје и неговите жители, но и во останатите градови ширум земјава. Сепак, иако не се дел од христијанската традиција и од она што го негува црквата, до пред неколку години, на Бадник, организацијата и посетата на коледарски оган беа задолжителни.

Слични содржини