Палестина бара повторно преиспитување на барањето за членство во ОН

Палестина поднесе барање за полноправно членство во ОН во 2011 година, но не ја доби потребната поддршка во Советот за безбедност на ОН.

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Палестинците испратија писмо до Советот за безбедност, во кое бараат во текот на месец април 2024 година, најважното тело на ОН да го преиспита барањето за членство на Палестина во ОН

„Во меѓувреме, претседателите на Арапската група, Организацијата на Исламската конференција (ОИК) и Координативната канцеларија на Движењето на неврзаните, испратија писмо до генералниот секретар на ОН, кој претседава со Генералното собрание и Советот за безбедност, во кое стојат зад барањето за прием на Палестина во ОН, патем барање кое беше поднесено во септември 2011 година и на кое се’ уште се чека. Во таа смисла, потребна е официјална препорака од Советот за безбедност до Генералното собрание“, пишува „Ал Џазира“.

Слични содржини