Палестинскиот премиер: Израел не може да го искорени Хамас

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Палестинскиот премиер Мухамед Стајех рече дека целта на Израел за целосно искоренување на Хамас не е реална.

Говорејќи за Блумберг во неговата канцеларија на Западниот Брег, палестинскиот премиер рече дека верува оти најдобриот исход од конфликтот што започна на 7 октомври ќе биде Хамас да стане помал партнер во пошироката организација за ослободување на Палестина (ПЛО), помагајќи да се изгради нова независна држава, која ги опфаќа Западниот Брег, Газа и Источен Ерусалим.

Власта, која некогаш ги водеше палестинските работи и на Западниот Брег и на Газа, е ограничена на Западниот Брег од 2007 година кога Хамас го собори.

Хамас е формиран во доцните 1980-ти како радикален исламистички конкурент на ПЛО, кој, како што пишува Блумберг, „се помирил со постоењето на Израел“.

Хамас целосно го отфрла Израел, но Стајех сугерираше дека тоа може да се промени.

„Хамас пред 7 октомври е едно, а после него е друго. Доколку се подготвени да постигнат договор и да ја прифатат политичката платформа на ПЛО, тогаш ќе има простор за дискусија. Палестинците не треба да се делат“, рече Стајех.

Според Блумберг, тој предлог е во спротивност со она што Израел го гледа како иднината на Газа, сиромашниот крајбрежен појас од 2,2 милиони луѓе.

Стајех изјави дека министрите во неговата влада неколкупати контактирале со своите израелски колеги, но биле одбиени. Според него, позитивен чекор би било Советот за безбедност на Обединетите нации да ја прифати државата Палестина како полноправна членка, а не како набљудувач.

Премиерот на палестинската управа викендов ќе отпатува за Катар за да побара од Доха да ја префрли својата значајна финансиска поддршка за Хамас во последните години на палестинската управа, давајќи му повеќе ресурси за да ги оствари своите повоени цели, пишува Блумберг.

Слични содржини