Палестинскиот претседател бил агент на КГБ, тврдат израелски научници

од desk3
68 прегледи

Претседателот на Палестинската автономија Махмуд Абас работел за КГБ, пишува “Њујорк тајмс”, цитирајќи истражување на израелски научници врз архиви на тајните служби.

Информациите прво се појавија во израелски медиуми во средата вечерта. Истражувачите Изабела Гинор и Гидиан Ремес откриле документ на поранешен архивар на КГБ, во кој се наведува дека лице со името Махмуд Абас, роденово 1935 година ( палестинскиот лидер), бил шпион во Дамаск во 1983 година , посочува The Times of Israel.

zx450y250_2823717

Според научниците Абас, познат и како Абу Мазен, имал врска со СССР во времето во кое Михаил Богданов, денеска претставник на Владимир Путин за Блискиот Исток, бил агент на КГБ во Сирија. Кодното име на Палестинецот беше “Кротов” ( “крт”).

Богданов е главна фигура во обидите на Москва да посредува за средба меѓу лидерите на Израел и Палестина во Русија. Откако Бенјамин Нетанјаху и Абас меѓусебно се обвинуваа дека другата страна ја одбива средбата, денес од Кремљ потврдија дека имаат начелна согласност и од двајцата, но не го прецизираа датумот.

Документот е дел од архивата на Василиј Митрошкин, поранешен агент на КГБ, кој дезертирал од агенцијата. Митрошкин, кој беше задолжен за архивите на организацијата, емигрирал во Велика Британија во 1992 година Во 2014 година пишуваните белешки за првпат стануваат јавно, оригиналот сеуште се крие од МИ5.

Архивите на Митрошкин се сметаат за една од најсеопфатните и достапни информации за операциите на советското разузнавање. Тој тврди декаод КГБ е врбуван тогашниот лидер на Народниот фронт за ослободување на Палестина Вади Хадад во 70-тите години на минатиот век.

Претставници на Палестинската автономија ги демантираа тврдењата и ги опишаа како “клеветничка кампања”, која има за цел да го оттргне вниманието од можноста за мировни преговори во Москва.

Авторите на истражувањето велат дека во контекст на обидите на Русија да биде домаќин на средбата меѓу Нетанјаху и Абас е важно да се осветли минатото на палестинскиот лидер, бидејќи е можно Москва уште да има влијание врз него.

Но според палестинските претставници, под услов во дадениот период Организацијата за ослободување на Палестина отворено работела со Москва, не морало КГБ тајно да го врбува Абас.

Според “Њујорк тајмс” е важно да се напомене и што не се соопштува во документот, кој би требало да ја докажува службата на Абас: кога и како бил врбуван, во што се состоела неговата работа за советските служби, како добивал плата и до кога работел за СССР.