195
Израелски воздушни напади во средата погодиле породилиште во болница полна со жени и медицински персонал во градот Газа, изјави портпаролот на палестинското министерство за здравство Ашраф ал Кудра.
Тој синоќа изјавил дека породилното одделение претходно било преместено од главната болница во Газа, Ал Шифа, во болницата Тарват ал Хелу, од кои последната била гранатирана, пренесува „Ал Џезира“.
„Израел ја запре испораката на медицински материјали и гориво и ја преплави болницата Ал Шифа со илјадници ранети, принудувајќи нè да го преместиме породилното одделение во Ал Хело и да направиме простор за уште повредени“, навел Ал Кудра.