Палестинското раководство денеска повика на зголемен американски притисок врз Израел да го запре тековниот напад на Газа и присилното протерување на Палестинците од Ерусалим.
Членот на Централниот комитет на Фатах, Хусеин ал-Шеик, началникот на Генералното разузнавање Маџид Фарај и дипломатскиот советник на претседателот Махмуд Абас, Мајди Халди, ги повикаа Соединетите држави да вложат напори и да извршат каков било притисок врз израелските окупациони власти веднаш да ја запрат својата агресија на Газа, како и присилното раселување на Палестинците од Ерусалим, особено од населбата Шеик Џара, и да ги почитуваат светите места, пренесува „Вафа“.
Официјалните лица го објавија ова за време на состанокот со американскиот пратеник за израелско-палестински прашања Хади Амр, заедно со придружната делегација во Рамала.