Палестинци: Прекинување на односите со сите држави што ќе ја преместат амбасадата во Ерусалим

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Палестинските власти најавија дека ќе ги прекинат односите со сите земји што ќе отворат или преместат амбасадите од Тел Авив во Ерусалим, пренесува турската агенција Анадолија.

Ова на Твитер го објави генералниот секретар на Извршниот одбор на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Саиб Урејкат, без да ја спомене Србија, која најави преместување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим и Косово, кое најави признавање на Израел и отворање амбасада во Ерусалим.

– Ги повикуваме сите држави да го почитуваат меѓународното право. Повредата на меѓународното право не е показател за сила, туку за слабост – рече Урејкат.

Преместувањето на српската амбасада од Тал Авив во Ерусалим е дел од договорот за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина, кој беше потпишан во петокот во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп.

Договорот потпишан од премиерот на Косово, Авдулах Хоти, предвидува меѓусебно признавање на Израел и најмладата балканска држава и отворање на косовска амбасада во Ерусалим.

Слични содржини