Палевски ја усмртил Вања исплашен од доказите, кажа Спасовски

од Nikola Popovski

Полицијата и Обвинителството на денешната конференција ги откри сите детали за убиството на малата Вања Горчевска (14), чие тело беше пронајдено вчера во близина на Скопје, седум дена откако беше пријавена за исчезната.

За нејзиното киднапирање и убиство се осомничени пет лица, меѓу кои и нејзиниот татко.

Девојчето било киднапирано на 27 ноември кога тргнала на училиште. Мотивот за кривичното дело е користољубие и изнуда на пари. Планот бил да побараат пари од мајката на Вања.

Таткото на Вања, според полицијата, им открил на убијците каде оди детето.

„Ја зграпчиле во влезот од зградата, ѝ ги врзале рацете и нозете и ја ставиле во вреќа за спиење и потоа во багажникот од автомобилот цитроен. Пред нив цело време се движело рено канго. Го изнеле детето надвор од Скопје, каде е убиено, а возилото било опожарено“, изјави министерот Спасовски.

Според него, главен егзекутор на убиствата, и на малата Вања и на 74-годишниот Панче Жежовски е Љупчо Палевски-Палчо, кој во моментов е во бегство.

„Главен организатор и извршител кој со пиштол на 27.11.2023 некаде околу 11 часот ја усмртил малолетничката исплашен со доказите до кои може да дојде МВР, го сторил тоа кривично дело. Ќе сторам се овој монструм на кој му ја следиме трагата штом стапне на наше тло да биде изведен пред лицето на правдата“, рече министерот.

Вања е убиена со пиштол, а оружјето се уште не е пронајдено. Засега не е познато дали со истото оружје е усмртен и Панче Жежовски.

Слични содржини