Palm – паметен телефон со големина на кредитна картичка

од Vlatko K
73 прегледи

Откако Елон Маск испрати автомобил во вселената, признаваме, дека тешко можеше нешто да не изненади. Ова е причината зошто ние не сме изненадени многу од идејата за паметен телефон, кој е со големина на кредитна картичка.

Станува збор за Palm – мал и компактен паметен телефон развиен од Verizon, кој служи како додаток на уредот што го користиме. Да, телефоните стануваат сè поголеми, па затоа овој стартап со седиште во Сан Франциско ви дава можност да го синхронизирате вашиот голем паметен телефон со малиот кој е многу поудобен за носење.

Се разбира, додатоците за синхронизација не се бесплатни, и практичноста секогаш си има цена.

Идејата е кога сме надвор за време на викендот и не сакаме да го „влечкаме“ со нас пет или повеќе инчниот смартфон во џебот, да го земеме Palm. Тој е покомпактен и ви овозможува да остварувате повици, да пребарувате на интернет и да фотографирате, нормално.

Ова се случува со помош на две камери – 12-мегапикселна задна и 8 мегапикселна предна. Според „The ​​Verge“, Palm располага со специјален режим – In Life Mode, кој го исклучува добивањето на известувања, како и радиото. Истото важи и за мобилните податоци и WI-FI конекцијата. Тие се појавуваат само кога го користиме уредот.

https://www.instagram.com/p/Bo8iAOhhVKd/?utm_source=ig_embed

Bluetooth исто така е исклучен, но не и ако ги вклучите слушалките преку него. Батеријата трае до осум часа при нормална употреба, а кога станува збор за In Life Mode, времето ќе се продолжи.

Лошата вест за луѓето со iPhone е дека Palm е претежно за Android уреди. Тие се уште можат да го користат малиот паметен телефон, но тие нема да ги добијат нивните iMessage пораки на него.

Ќе завршиме со фактот дека малиот паметен телефон ќе биде објавен во ноември, а неговата цена ќе изнесува 349 долари.

Бекот на Голден Стејт, Стеф Кари, е вмешан во дизајнот на уредот. Исто така, логично е дека тој ќе биде лице кое ќе го промовира Palm.