Амбасадата на САД во Скопје соопшти дека бил остварен разговор помеѓу заменик-помошникот државен секретар во САД, Метју Палмер и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според објавата на социјалните мрежи, Палмер денеска разговарал со Мицкоски, за да ја нагласи важноста што САД ѝ ја даваат на Македонија, која треба да има стабилни управувачки институции што ги демонстрираат евроатлантските вредности, а особено потребата од конструктивна и ангажирана опозиција.
„Палмер ги охрабри г. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да соработуваат со другите за решавање на огромните предизвици со кои се соочува земјата, вклучително и решавање на разликите со Бугарија и успешно спроведување на претстојниот пописот на населението, што е важна статистичка алатка за подобрување на управувањето“, стои во известувањето од амбасадата на САД.