Откако пристигна во Челси, Кол Палмер стана еден од најважните играчи во лондонскиот тим, па евентуалното заминување на овој талентиран играч од средниот ред би бил голем удар за клубот од „Стемфорд Бриџ“.
Англиските медиуми објавуваат дека Палмер би можел да се пресели во лутиот ривал Ливерпул ова лето. За потсетување, 21-годишниот англиски репрезентативец пристигна во Челси од Манчестер Сити за околу 50 милиони евра и веднаш блесна штом ја доби вистинската можност.
Тој ја заврши минатата сезона со импресивни 25 гола во сите натпреварувања, а исто така освои и бројни индивидуални награди, вклучувајќи ја и наградата за млад играч на сезоната во Премиер лигата.
Сепак, формата на Палмер во последно време е во мал пад, што се чувствува и во резултатите на неговиот тим.
И покрај ова, интересот за него не се намалува. Според добро информираниот Сајмон Филипс, Ливерпул го гледа како идеално засилување, но наводно и неговиот поранешен клуб Манчестер Сити се враќа во игра.