Палмер: Разочарани сме што Скопје и Тирана не ги почнаа преговорите

од Берта Китинска

Разочарани сме што прашањето за отворање на првите меѓувладини конференции за Северна Македонија и Албанија не беше решено и покрај силното застапување и разумните решенија на португалското претседателство и на силните европски партнери, изјави денеска во Охрид заменик-помошникот државен секретар на САД за европски прашања Метју Палмер на панелот „На патот до подобро поврзан и интегриран регион – Кој е ризикот? Како да стигнеме таму?“, во рамки на првата Меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог, пренесува МИА.

Палмер подвлече дека тоа влијае и на вложувањата на САД и ЕУ во регионот, а придонесува и за зголемување на скептицизмот и во самиот регион.

– Нашите геополитички конкуренти агресивно се обидуваат да го нарушат кредибилитетот меѓу САД и ЕУ, а и самиот регион се сомнева во интегритетот на нашата колективна определба, истакна Палмер.

Палмер ја подлече важноста на историскиот Договор од Преспа на Северна Македонија со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, за коишто посочи дека се примери за поголем регионален ангажман на С Македонија во корист на нејзините граѓаните.

-Владата на Северна Македонија е фокусирана на спроведување на потребните политички и економските реформи дома, за привлекување квалитетни инвестиции и за активна и продуктивна улога на регионалните и економски иницијативи. Владата е го искористи своето силно партнерство со Грција за да обезбеди сопствена енергетска безбедност и сега сме на прагот да направиме многу повеќе отколку досега, рече Палмер.

Тој се осврна за улогата на САД во регионот, истакнувајќи дека долгогодишна визија на САД во регионот била и ќе остане фокусирана на регион во мир со себе и со соседите, регионот којшто е стабилен, проспетитетен и интегриран во евроатлатнската рамка.

-Она што ми дава надеж е дека ова не е само визијата на САД за Западен Балкан, туку и речиси да не се разликува со она што го сакаат и нашите европски сојузници и партнери. Сепак, уште поважно е што ова е исто така визија што е силно изразена и од самите земји на Западен Балкан. Оваа заедничка визија е наша колективна сила и треба да послужи какоп наш водич додека ги удвојуваме напорите за приближување на Западен Балкан кон Европската Унија, рече Палмер.

Слични содржини