Кол Палмер беше еден од хероите на Англија во 1/2-финалето на ЕП 2024 против Холандија (2:1). Тој асистираше за победничкиот гол на Оли Воткинс. Сега за „трите лава“ последната пречка на патот до трофејот останува Шпанија. Сепак, играчот од средниот ред на Челси смета дека откако неговиот тим ќе стигне до финалето, мора да ја заврши работата и да победи.
„Сите сме возбудени. Сите пеевме во автобусот, имаше забава и во соблекувалната. Тоа беше огромен натпревар и огромна победа што може да ги промени нашите животи, нашите семејства и да ги направи сите горди. Тоа се обидуваме да го направиме. Штом стигнавме до финалето, треба да си ја завршиме работата. Добро е што стигнавме до тука и мораме да уживаме во овој момент бидејќи не доаѓа често. Но сега сите сме очајни да го освоиме и трофејот“, изјави Палмер.
„Во првите натпревари не игравме најдобро и сите го знаевме тоа. Но, сега кога турнирот влезе во својата решавачка фаза, мислам дека го одигравме нашиот најсилен натпревар на турнирот. Тоа е она што сакавме да се случи во доцните фази на турнирот. Натпреварот против Шпанија ќе биде неверојатен. Со нив игравме во финалето до 21 година. И тогаш натпреварот беше гигантски, а не можам да замислам како ќе биде сега“, додаде играчот од средниот ред.
Тој го пофали и тренерот Герет Саутгејт за неговата работа со тимот.
„Тој создаде сплотеност во тимот. Ова е мојот прв турнир и можам да видам колку сите се блиски еден со друг. Тренерот вложи многу време за да не направи подобри и да не подготви за натпреварите“, заклучи Палмер.