Палмер: Загрижени сме за намерите на Русија за Западен Балкан

од Nikola Popovski
165 прегледи

САД имаат големи надежи дека Европската унија ќе ги започне разговорите за пристапување со Северна Македонија и Албанија следниот месец и го смета европскиот пат на тие земји  како неопходен, изјави американскиот специјален претставник за Западен Балкан, Метју Палмер за бугарското Радио на слободна Европа.

„Франција и Холандија го прекинаа започнувањето на разговорите за членство со двете држави минатата година, што предизвика разочарување и загриженост на Западен Балкан, при што Русија и Кина се проширија“, пренесува РСЕ.

„Непосредно прашање на агендата, прашање со кое Европскиот совет ќе се соочи на состанокот во март е дали ќе отвори преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија“, рече Палмер.

Тој рече дека Соединетите држави се надеваат дека одговорот ќе биде позитивен.

„Веруваме дека обете држави се квалификувани според заслугите. Веруваме дека ова е важен сигнал што треба да се испрати во регионот. Од суштинско значење е и Северна Македонија и Албанија да имаат јасен европски пат и европска перспектива“, рече Палмер.