Американската актерка Памела Андерсон апелираше до претседателот на САД Доналд Трамп да го помилува основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж пред да ја напушти Белата куќа, и со тоа да ја покаже својата посветеност на слободата на говорот.
Актерката, долгогодишен поддржувач на Асанж, во емисија изјавила дека помилувањето е „дефинирачки момент“ за претседателот.
Се очекува Трамп да помилува меѓу 50 и 100 лица пред да замине од претседателската функција, сепак, и покрај кампањата за ослободување, помилување на Асанж не се очекува.
„Целиот свет или мнозинството сака Џулијан Асанж да биде помилуван. Ова е неговиот момент да блесне и да остави впечаток на светот“, рече Памела Андерсон, повикувајќи го Трамп да ја направи „правилната работа“ и да биде „херој на слободата на говорот“.