Памела Андерсон раскина со Адил Рами, водел „двоен живот“

од Vlatko K
117 прегледи

Памела Андерсон раскина со францускиот фудбалер Адил Рами, оти, како што Андерсон откри на
Инстаграм, две години, колку што и трае нивната врска, тој ѝ бил неверен.


Објавувајќи сликички од скршени срца, американската глумица во болка вели дека Адил за сето
време водел двоен живот.

– Тешко е да се прифати фактот дека последните две години од мојот живот беа голема лага. Се
излажав и поверував дека сме вљубени. Се шегуваше за други играчи кои имале девојки што
живееле близу нивните жени. Ги нарекуваше тие мажи – чудовишта, но ова е полошо. Како е можно
да контролира две женски срца и умови. Тој е чудовиште, напиша Андерсон.