ПАМЕЛА СЕ СОБЛЕЧЕ и му упати апел на Трамп (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
411 прегледи

Актерката Памела Андерсон објави фотографија во бикини на која го држи натписот „Донесете го Џулијан Асанж дома во Австралија“.

Таа не се откажува од ослободување на Асанж, а овој пат му се обрати на сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп.

– Претседателе на Америка, ве молам. Помилувајте го Џулијан Асанж – напиша Андерсон.

Џулијан Асанж е во притвор повеќе од една година откако беше уапсен откако беше протеран од еквадорската амбасада во Лондон.

Од самиот почеток, Памела Андерсон апелираше за негово ослободување и ги критикуваше Велика Британија, Еквадор и САД.

Слични содржини