Сензорната соба во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Влае е опремена со нови „паметни“ маси со вградени таблети. Истите обезбедуваат развој на јазичните вештини кај младите со попреченост, како и полесно решавање на математичките задачи, информираат од Општина Центар.
Новата опрема ќе придонесе за подобра инклузија во наставата на лицата со посебни образовни потреби. Истата влијае и на унапредување на двонасочната комуникација, моториката и когнитивните вештини.
Денеска, во посета на основното училиште беше градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и претставникот од Фондацијата за образовни и културни иницијативи, „Чекор по чекор“, Дениз Сулејман.
Градоначалникот се заблагодари до оваа организација, која во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ ги донираше овие smart маси:
Важна е поддршката која ја добиваме од граѓанските организации во процесот на креирање инклузивно и сеопфатно образование. Неодамна, дополнителни дидактички материјали добија и сензорните соби на „Лазо Трповски“, „Аврам Писевски“ и „Јан Амос Коменски“. Исто така, преку проектот „Спорт за развој, спорт за сите“ во фазичките активности во Карпош вклучени се и учениците со попреченост, рече Богоев.
Претставникот на „Чекор по чекор“, Дениз Сулејман истакна дека фондацијата продолжува да дава поддршка на локалната самоуправа. Тој се заблагодари до училиштетото и директорката Весна Кочовска, за несебичната поддршка и добра организација во процесот.
Богоев и Сулејман изразија подготвеност за реализација и на други проекти, во делот на унапредувањето на условите за раст и развој на младите со попреченост.