Авион Cesna 172 Skyhawk се урна среде автопат во Панама во понеделникот на 1 мај. Преживеаја пилотот и тројцата патници.
Во авионот имало четири лица и сите се безбедни по драматичниот лет, јавуваат медиумите.
Патниците од авионот ја снимиле драматичната ситуација која се случила во леталото, додека пилотот се обидувал безбедно да го приземји.
Una avioneta con un piloto y tres pasajeros a bordo realizó un aterrizaje de emergencia en la avenida La Amistad de Ciudad de Panamá, cerca del aeropuerto internacional Marcos A. Gelabert, sin que hubiera que lamentar víctimas. pic.twitter.com/J8XEcSbpkO
— Sepa Más (@Sepa_mass) May 2, 2023
Друго видео ги прикажува остатоците од авионот, додека службите за итни случаи се околу него.
Според властите, авионот е целосно уништен, додека патниците се во стабилна состојба.
#CON 🎥 | Cámaras de videovigilancia, captan el momento en que una aeronave con matrícula HP-1655 cae en la Ave. La Amistad, Albrook. Rápidamente se coordinó con personal de los @BCBRP y del @SUME911, para atender la emergencia. Las 4 personas que iban a bordo están con vida. pic.twitter.com/NJmEMrnFnJ
— Ministerio de Seguridad Pública de Panamá (@MinSegPma) May 1, 2023
Засега не е познато што довело до принудното слетување.