Панатинаикос не запира: Охриѓанецот Осман пристигна директно од НБА

од Nikola Popovski
27 прегледи

Турскиот репрезентативец Чеди Осман, родум од Охрид и до неодамна кошаркар на Сан Антонио Спарс, е ново засилување во тимот на Панатинаикос, потврдија од овој клуб.

Осман се приклучува на ПАО по една сезона во тимот на Грег Попович.

Во својата кариера играше и за Анадолу Ефес, од 2011 до 2017 година, од каде премина во редовите на Кливленд Кавалирс.

Тој помина шест години во Кавси пред да заигра во тимот од Тексас минатата сезона.

Вкупно во кариерата има одиграно 476 натпревари, од кои 186 како стартер во лигашкиот дел од НБА лигата, а во просек бележеше по 22,7 минути по натпревар, а најдобра сезона му беше 2018/2019 година кога забележа 13 поени во просек. .

Во плеј-офот имаше просек од 2,3 поени на 19 натпревари.

Осман ја покрива крилната позиција.

Слични содржини