„Панче Тошковски удри по професионалците во МВР“: СДСМ обвинува за двојни аршини и партиска партизација на институциите

од Илинка Илиоска
155 прегледи

СДСМ изразува загриженост за, како што велат, бруталната партизација на МВР и дискриминацијата на професионалците во државните институции. Според соопштението од партијата, властите се обидуваат да го користат МВР и другите институции како алатка за партиски цели, удирајќи по професионалците кои не се поврзани со нивната политичка структура.

„Власта на Мицкоски разрешува и отпушта луѓе од работа само затоа што во одреден период од своето долгогодишно искуство, по систем на кариера, биле на позиции во време кога не била ДПМНЕ на власт,“ изјави СДСМ, нагласувајќи дека ова претставува класичен пример на дискриминација.

Од друга страна, како што се наведува во соопштението, панелот на МВР, под раководство на Панче Тошковски, го ослободи од одговорност телохранителот на Мицкоски кој бил обвинет за напад врз полицаец.

„Тошковски го ослободи од одговорност и му ја прекина дисциплинската постапка,” додава СДСМ, истакнувајќи дека ова е пример на двојни стандарди во примената на правото.

„Тоа се двојните аршини на оваа власт, која наместо да спроведува професионализам, се одлучи за брутална партизација на институциите и безбедносните служби за свои партиски цели,“ се вели во соопштението.

СДСМ повикува Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да постапи во овие случаи и да ја заштити независноста на институциите. „Професионалците мора да се заштитат,“ заклучува партијата.

Слични содржини