Панчев договори хуманитарен натпревар меѓу Вардар и Црвена Ѕвезда за трагедијата во Кочани

од Nikola Popovski
134 прегледи

Покрај најавата за фудбалски натпревар од хуманитарен карактер меѓу репрезентациите на Македонија и Србија, се најавува и меч меѓу Вардар и белградска Црвена Ѕвезда по тешката трагедија што ја снајде земјава и загинувањето на 59 наши сограѓани. Ваквата информација ја соопшти вчера прославениот македонски екс-фудбалер, Дарко Панчев.

„Да помогнеме колку што можеме, за сите добри, прекрасни души, за децата“, рекол Панчев за „Спорт Клуб“. Еден од најдобрите македонски голгетери информира дека веќе контактирал со српскиот селектор, Драган Стојковиќ-Пикси.

„Последниот ден од викендот се слушнав со Пикси Стојковиќ, која има безброј обожаватели во Скопје и низ Македонија, и предложив да се организира натпревар меѓу репрезентациите. Тој веднаш ме поддржа, а идејата беше едногласно одобрена од раководните структури во ФС Србија. Ви благодарам. Срцето ми се кине, ова е нешто каде што целиот регион мора да се обедини, за сите да покажеме дека сме луѓе и сме, луѓе сме! Неизмерна почит за гестот, за подадената рака, милион пати благодарам. Во чест на оние кои… Тешко ми е“, изјавил Панчев.

Панчев го контактирал и Звездан Терзиќ, генералниот директор на ФК Црвена звезда, притоа споменувајќи го и хуманитарниот карактер на средбата.

„Останува само да се одреди датум, Црвена звезда за се ќе се договори со Вардар. Директорот Терзиќ го спомна 16-ти април, благодарам, што друго да кажам. Во име на Кочани, Скопје и цела Македонија, ви благодарам за грижата, за тоа што се прави за повредените, за нивниот транспорт и
лекувањето во Србија. Благодарност до братскиот народ“, додал поранешниот македонски репрезентативец.

И самиот Пикси вчера најави средба меѓу Македонија и Србија.

„Пред да ја започнеме конференцијата за натпреварот, се случи голема трагедија во Кочани. Би сакал да изразам сочувство до народот на Македонија и до семејствата на жртвите. Ќе предложам ФСС да стапи во контакт со Фудбалската федерација на Македонија да одиграме натпревар со нив во наредниот период и сето тоа да има хуманитарен карактер. По нашите трагедии, уште една голема, но тоа е животот“, рекол на прес-конференција речиси расплаканиот Стојковиќ.

Слични содржини