364
Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски денеска го напушти затворот во Шуто Оризари откако пред само две недели се пријави да ја издржува затворската казна од 2,6 години за случајот „АКМИС“.
Ова следува откако Врховниот суд ја укина пресудата на Основниот суд во Велес и на Апелациониот суд во Скопје.Според ова, случајот повторно се враќа во Апелација.
Панчевски е осуден е бидејќи во периодот од 2013 до 2016 година, како претседател на Кривичниот суд, рачно доделувал предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Распределил околу 40 предмети, меѓу кои и два случаја на Специјалното јавно обвинителство.