384
Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски утре излегува од затворот „Скопје“, откако пред само две недели се пријави да ја издржува затворската казна од 2,6 години за случајот „АКМИС“.
Ова следува откако Врховниот суд ја укина пресудата на Основниот суд во Велес и на Апелациониот суд во Скопје, па така Панчевски во текот на утрешниот ден ќе биде пуштен од затвор.
Според ова, случајот повторно се враќа во Апелација.
Владимир Панчевски е осуден е бидејќи во периодот од 2013 до 2016 година, како претседател на Кривичниот суд, рачно доделувал предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Распределил околу 40 предмети, меѓу кои и два случаја на Специјалното јавно обвинителство.