Панда-манија ја зафати Германија поради испратени два претставника од Кина

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Германија ужива голема панда0манија по повод денешното пристигнување на заоблените амбасадори од Кина, кои ќе бидат сместени во зоолошката градина на Берлин. Менг Менг и Жао Чин беа поставени на специјално товарно игралиште на “Луфтханза”, придружени од двајцата експерти, главниот ветеринар и берлинскиот зоолог и тон бамбус. Тие беа пречекани од градоначалникот на германската престолнина и амбасадорот на Пекинг на аеродромот Шонефелд.

По аклиматизација за неколку дена, животните тие ќе бидат претставени на јавноста во присуство на канцеларката Ангела Меркел и кинескиот претседател Си Дзинпин, најверојатно два дена пред самитот на Г-20, чиј домаќин е Германија.

Познат по својата “панда дипломатија”, Пекинг испратил од своето национално богатство само на околу десетина држави како симбол на блиски односи. Извозните гиганти Германија и Кина одржуваат сè поблиски економски врски и во изминатата година ја презедоа и водечкаta улога во заштитата на слободната трговија, откако Доналд Трамп ja одалечи САД од либерализацијата на пазарот со повикот за “Америка на прво место”.

“Кинезите гледаат нa пандата како амбасадор на кинескиот бренд. Земјата очигледно има проблем со својот имиџ во Европа и тоа е многу паметен и лесен начин да ги освојат срцата”, рече Бернард Барч од експертската група на фондацијата “Бертелсман” во Берлин.

“Пандите ќе дадат многу позитивни критики во германските медиуми при посетата на претседателот во јули”, додаде тој.

Околу 1 864 панди опстануваат во дивината во Кина, според еколошката организацијата WWF. Малку над 400 панди живеат во зоолошките градини ширум светот.