Пандев: Не верував дека на 38 години ќе играм на Европско, ова е сонот кој го остваривме (ВИДЕО)

500 прегледи

Македонската фудбалска репрезентација синоќа испиша историја во Тбилиси, каде со минимална предност од 0:1, оствари пласман на големо натпреварување, во друштво на европскиот фудбалски крем.

Ова е успех за целиот тим, на чело со селекторот Ангеловски, но сите очи се вперени кон легендарниот капитен на тимот, Горан Пандев.

Човекот кој речиси 20 години е дел од македонскиот фудбалски дрес, кој земјата ја претстави достоинствено низ Европа по клубовите за кои што настапувал, но ваквата радост и погодокот што тој го поситгна за пласман, несомнено го прават херој и светец во очите на целата нација.

Сонот ни се оствари, сите заедно се радуваме и да настапуваме на ова ЕП со победи. Знаеме сите дека поминавме долг пат до ова ЕП, навистина дечките го заслужија ова и уште не сме свесни што направивме. Среќни сме, во следните денови ќе се свестиме дека сме на ЕП. Уште ние фудбалерите фалевме да се пласираме на едно ЕП. Не верував дека на 38 години ќе се пласирам на едно ЕП… добро што дојде овој коронавирусот, па ми ја продолжи кариерата уште малку. На цела Македонија ѝ се оствари сонот, истакна Пнадев на граничниот премин Блаце, каде беше заедно со целиот тим пречекан и од страна на високиот политички врв.

Погледнете во продолжение како течеше неговата изјава:

Видео: Тв21

Слични содржини