Пандев: Премијата од ФФМ им ја оставаме да си ја поделат членовите на УО

443 прегледи
Фудбалската репрезентација на Македонија го загуби (3-2) првиот квалификациски натпревар од новиот циклус за СП 2022 во Катар. И покрај поразот, ФФМ одлучи да им даде премија од 40.000 евра.

Сепак, репрезентативците не сакаат премија за поразот. Ова го потенцира капитенот Горан Пандев.

„Не сакаме премија за пораз, мислиме дека тоа би било незаслужено. Сите фудбалери се договоривме да не ја земеме премијата. Ја оставаме да си ја поделат членовите на УО“, изјави Горан Пандев за МАКФУДБАЛ

Слични содржини