Пандев: Сакам да играм против Германија во Скопје пред полни трибини

400 прегледи

По ждрепката која денес се извлече во рамки на квалификационите групи за пласман на СП, се огласи и капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев.

„Би сакал да играм со Германија во Скопје пред полни трибини. Оваа генерација пред себе има ЕП, но и шанси за добри квалификации и напад на второто место во оваа група“, истакна Пандев во изјава за ФФМ.

Инаку, денес во седиштето на ФИФА во Цирих се одржа извлекувањето за европските квалификации за пласман на Светскиот Купво Катар 2022 година.

Репрезентацијата на Македонија ќе игра во групата Ј со репрезентациите на Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

Само првопласираните репрезентации ќе обезбедат директно учество на Светското првенство, додека второпласираните ќе играат плеј-оф. Натпреварите од првото коло се закажани за 24-25 март, а последното десетто коло на 14-16 ноември идната година.

Слични содржини