Пандев замина во заслужена пензија, Интер му се заблагодари (ФОТО)

од Nikola Popovski
173 прегледи

Поранешниот репрезентативец и еден од најлегендарните наши фудбалери, Горан Пандев објави дека ја завршил својата играчка кариера на 39 години.

Последен клуб на поранешниот македонски репрезентативец беше Парма во италијанската Серија Б.

Поголемиот дел од својата клупска кариера ја помина во Италија, а беше еден од клучните играчи на Интер предводен од Жозе Мурињо, кога ја освоија титулата во Лигата на шампионите во 2010 година.

Трофејниот тим од Милан вечерва му се заблагодари на популарниот „Гоче“ за неговиот придонес.

– Од Примавера до врвот на светот. Ти благодариме за се Горан Пандев, стои во честитката на Интер, објавена на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Inter (@inter)

Пандев ја започна кариерата во Беласица, а потоа настапуваше за Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај, Џенова и Парма. За репрезентацијата на Македонија настапи на 122 натпревари и постигна 38 голови.

Слични содржини