Првиот човек на Управата за извршување санкции, Александар Пандов очекува судењето за трагедијата во Кочани да се одржи во новата дигитална судница која е во склоп на затворот „Идризово“.
-Во тоа име им се обраќам на судиите, иако не знам кој ќе биде судија на тој случај…Искрено верувам дека ги имаат и судиите и сите правни застапници на обвинетите и оттаму судењето да се одвива во овој прекрасен објект. Искрено верувам дека тоа ќе биде тука, рече Пандов пред почетокот на денешното судење за случајот „Адитив“ за злоупотреба на јавни набавки и перење пари со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.
Тој потенцира дека Македонија конечно добила судница по европски терк.
Обвинителниот акт за најголемата трагедија во историјата на Македонија се чека да биде готов во средината на јуни. Во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, а во кој загинаа 62 лица, досега се осомничени 69 физички и три правни лица.