Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов во „Тема на денот“ на Сител изјави дека палењето на неговата викендичка во Орешани е организиран акт на одмазда од затворски банди, кои, според него, ги изгубиле привилегиите по преземањето на функцијата.
Тој посочи дека затвореници нуделе по 20 илјади евра за да добијат мобилни телефони, преку кои можеби е нарачан нападот. „Ова не е напад само врз мене, туку и врз Владата и борбата против криминалот“, изјави Пандов.
Истрагата е во тек, а тој најави и нови мерки за контрола и засилен надзор во затворите, вклучувајќи електронски алки за осуденици во куќен притвор.