Пандов: Затвореници биле носени дома со затворска полиција за да го слават Курбан Бајрам

од Nikola Popovski
67 прегледи

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов вели дека е лоша состојбата по затворите низ земјава. Тој посетил 12 затвори и констатирал дека во неколку казнено-поправни установи, затвореници се воделе дека се во објектите, но не биле во затворите.

Според него, на затвореници со многу висок ризик им било дозволувано да влегуваат и излегуваат кога и да посакаат.

-Во одредени затвори, на пишана молба на затвореник дека го слави Курбан Бајрам и дека сака дома да отиде, со приватни возила и затворска полиција биле носени до нивните домови. Сега не можам да кажам дека се е сменето, но во голема мерка е сменето. Во затворот „Идризово“ како најголем во државата, отвореното и полуотвореното одделение се супер нови згради, но во полуотвореното имаше затвореник кој што ги напаѓал и рекетирал затворските полицајци, но и останатите затвореници. Не заборавајте, 17 возила на затворски полицајци се запалени. Имавме 50-60 слободни кревети во полуотвореното одделение, но имаше барања од затвореници преку адвокати за да бидат преместени. Тој затвореник сега е преместен во друг затвор и во посебна ќелија, информира Пандов во утринската емисија на „Слободен печат“.

Директорот на Управата посочува дека во затворите има и „психопати кои и по ДНК се криминалци“ и „лошо е што им било дозволувано да се изживуваат врз вработените и врз затворениците“.

Пандов информира дека на почетокот на 2025 година ќе следуваат вработувања на затворски полицијаци во затворите, пред се во „Идризово“. Постои и Единица за интервенции која исто така треба да се надополни со нови кадри.

Слични содржини