Панел на СЗО: Бустер дозата со Синофарм да се дава три месеци по ревакцинацијата

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) вчера препорачаа дека лицата кои примиле две дози од вакцината Синофарм и Синовак и имаат 60 години или се постари, да ја примат третата доза во периодот од еден до три месеци откако ќе се ревакцинираат.

Панел експерти сеп овикаа на студија од Латинска Америка. Податоците собрани за вакцините за Синофарм и Синовак „јасно покажуваат дека кај постарите лица, овие вакцини обезбедуваат помала заштита по две дози“, рече Јоаким Хомбах, секретар на независен панел експерти кои одржаа петдневен состанок зад затворени врати, објави Ројтерс.

Тој додаде дека третата доза дава силен имунолошки одговор, „така да се очекува многу подобра заштита“.

СЗО додаде дека на лицата со ослабен имунитет треба да им се даде бустер доза од останати признати вакцини, бидејќи тие се изложени на зголемен ризик да се заразат со корона, иако се ревакцинирани.

Советодавната група за стратегиска имунизација, составена од експерти, наведе дека дополнителната доза треба да им се понуди на здравствено чувствителните лица како „дел од продолжената почетна серија вакцини, бидејќи овие лица поретко реагираат соодветно на вакцинација по две дози“, како и дека се со „висок ризик од развој на тешка форма на болеста“, објави Ројтерс.

Слични содржини