Панично купување: Сити потроши 90 милиони на полуанонимни играчи

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Манчестер Сити минува низ тешка сезона, откако веќе се збогуваше со титулата, а на конец виси пласманот во Лигата на шампионите преку Премиер лигата. Одбраната е означена како рак-рана, лесно прима голови, поради што тој итно реагираше на трансфер пазарот и веќе финализира два договори – Витор Реис (Палмеирас) и Абдукодир Хусанов (Ленс).

Многумина очекуваа Граѓаните да завршат позначајни трансфери, но решија да направат млади, за некои дури и анонимни фудбалери. Реис кој има само 18 години ќе плати 40 милиони евра, а 10 милиони повеќе за само две години постариот Хусанов.

Прашање е колку овие момци можат да придонесат во моментов, особено што имаат повеќе од силна конкуренција во форма на Рубен Диас, Мануел Аканџи, Џон Стоунс и Нејтан Аке, но Пеп Гвардиола оцени дека му се потребни.

Каталонскиот стручњак веројатно гледа кон иднината со оглед на тоа дека и двајцата имаат голем потенцијал. Сепак, останува прашањето дали навистина вредат 90 милиони евра?

Фудбалот отиде во насока каде што безмилосно се троши, но се чини дека овој потег нема да им се допадне на многу симпатизери на синиот дел од Манчестер и сето тоа во време кога финансискиот фер-плеј им виси над главите.

Сити реши да купи играчи кои нема да можат да го решат главниот проблем…

Слични содржини