Паника поради недостиг на возачи во Германија! Во моментов „фалат“ 100.000 работници во оваа професија

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Германските шпедитерски здруженија во саботата предупредија на можни недостиг во предбожиќната сезона поради недостаток на возачи на камиони.

– Апелираме до граѓаните што е можно порано да испратат пакети со подароци, бидејќи може да дојде до доцнење на испораките во декември, изјави за весникот „Билд“ Дирк Енгелхард, портпарол на Федералната асоцијација на шпедитери и логистика (BGL).

Енгелхард објасни дека се повеќе Германци купуваат преку Интернет и дека во исто време трговците на мало нарачуваат повеќе стоки од вообичаено во декември, што може да доведе до доцнење на испораката. Во исто време, обемот на стоки во 2024 година е зголемен за 14 отсто во однос на минатата година.

Тој предупреди дека може да има недостиг во Германија слични на оние што ја погодија Велика Британија по „Брегзит“.

Енгелхард како главна причина го наведе драстичниот недостиг на возачи на камиони.

– Во моментов ни недостасуваат 100.000 возачи. Повеќе од 30.000 возачи се пензионираат секоја година, а помалку од половина од тој број влегуваат на пазарот на труд, рече Енгелхард.

Портпаролот на германските шпедитери изјави дека германските работодавци во меѓувреме прават се за да ги привлечат возачите.

– Во меѓувреме, многу возачи се во позиција да го изберат возилото, опремата на возилото, рутите и клиентите. Работодавците прават се што можат за да привлечат возачи, вели Енгелхард.

Тој ги критикуваше и скапите возачки дозволи во Германија, кои со просечни 10.000 евра се многу поскапи отколку во остатокот од Европската унија, каде што слична дозвола чини околу 3.000 евра.

Слични содржини