219
Шест аеродроми во Франција добиле закани за бомби, а во тек е евакуација на луѓето од аеродромите.
Како што јави БФМ ТВ, повикувајќи се на извор од полицијата, закани за бомби добиле аеродромите во Ница, Лил, Тулуз, Нант, Брон и аеродром во близина на Париз.
Евакуацијата доаѓа откако денеска беше нападната синагога во Берлин со молотов коктел поради порастот на антисемитските инциденти во Берлин по ескалацијата на насилството на Блискиот исток.
Веста доаѓа во време на засилени безбедносни мерки во Франција, која го подигна нивото на готовност минатата недела откако осомничен исламистички екстремист избоде наставник до смрт и рани уште три лица.