Евакуираа 600 лица Лондон, Велика Британија
Најмалку 11 лица добиле изгореници по истекот на некоја непозната отровно материја во лондонски бар во населбата “Далстон”, објавија “Гардијан” и “Дејли експрес”. Во болница се сместени 9 лица. Евакуирани се околу 600 посетители, од кои 200 сами напуштиле пред доаѓањето на службата за итна помош, цитира БНТ. На место пристигнале исто така противпожарни возила и спец екипи.
Место и зоната е изолирана од полицијата.Инцидентот се истражува, но засега нема уапсени.