Паника во Лондон: Полицијата истражува сомнителен пакет

од Stefanija Kuzmanovska
329 прегледи

Лондонската полиција денеска соопшти дека истражува сомнителен пакет во Вестминстер, дел од градот во кој се наоѓа британскиот парламент.

Полицијата соопшти дека поставила безбедносен кордон во Вестминстер, пренесува „Ројтерс“.

Полицијата во 11.27 часот по локално време добила дојава за сомнителен пакет на улицата каде што се наоѓа парламентот, соопшти лондонската полиција за „Ројтерс“.

„Полицијата е на терен, а безбедносните кордони и затворање се на сила додека се води истрагата“, соопшти полицијата.

Слични содржини