Лав во вторникот побегнал од приватно возило сред густ сообраќај во јужниот пакистански град Карачи, што предизвикало паника меѓу жителите. По два часа, животното било фатено, соопшти полицијата.
Лавот го превезувал неговиот сопственик кога избегал на главниот пат во пристанишниот град за време на шпицот, се вели во соопштението на полицијата, пренесува „Ројтерс“.
The lion strolling on Karachi's Shahra e Faisal successfully captured with no harm reported.#Lion #ShahraEFaisal #Karachi #KarachiLion #viralvideo #BreakingNews #hipakistan pic.twitter.com/DuIlG14PHY
— Hi Pakistan (@hipakistanpk) August 30, 2023
„Нашите екипи веднаш излегоа на местото на настанот. Фала му на Бога, никој повеќе не е во опасност“, изјави инспекторот за диви животни Мухтијар Сомро за време на операцијата за фаќање на лавот.
Избеганиот лав извесно време талкал по патот, а потоа влегол во подрум на блиска зграда.
Во областа имало густ сообраќај, вклучително и возила со медиумски екипи кои известуваа за инцидентот.
Одделот за диви животни соопшти дека лавот бил однесен на нивниот имот, бидејќи е забрането чување лавови во станбени области.
„Сопственикот на лавот е приведен и против него ќе биде поведена постапка“, изјави високиот полициски надзорник Шираз Назир.
Lion was roaming freely in the streets of Karachi shows that law is the bitch of rich in Pakistan.
No investigation no action yet.#Karachi #Lion #KarachiZoo pic.twitter.com/eQa9llbXBX— (فیضان) (@Faizy_92) August 30, 2023
Чувањето диви мачки како домашни миленици не е невообичаено во Пакистан, каде што се знае дека богатите бизнисмени имаат приватни зоолошки градини и понекогаш ги користат животните за јавни паради.