Паника во Русија: Празни полици во супермаркетите, граѓани се туркаат за зејтин и шеќер (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Последниве денови на социјалните мрежи кружат снимки и фотографии од хаосот во руските супермаркети. Се прикажуваат луѓе кои буквално се тепаат за намирници како шеќер или масло.

Набргу потоа, во руските маркети, во различни оддели, од намирници до козметика, почнаа да се појавуваат снимки од празни полици. Видеото, кое меѓу првите стана вирално, го објави советничката на украинското МНР Љубов Цибулска.

„Во Русија луѓето се борат за шеќер. „Па, драги Руси, ова е само почеток“, напиша таа.

Малку подоцна таа објави уште едно слично видео во кое прикажа дека продавниците во Русија повеќе не можат да издаваат фискални сметки, затоа што наводно им снемало хартија.

Други корисници објавија снимки за кои исто така тврдеа дека се од Русија, на кои се прикажани празни полици во продавниците. Некои од нив пријавиле дека ваквата состојба настанала затоа што некои панично се плашеле да купат намирници, стравувајќи дека ќе снема, додека некои купувале од страв од поскапување.

Инаку, на социјалните мрежи има неколку видеа од Руси кои се упатиле кон продавниците на западните земји пред да ја напуштат Русија. Така огромни редици се забележани во Неспресо, Икеа и Зара. Бројните неодамнешни видеа ги покажуваат празните полици на продавниците на луксузни брендови кои се повлекле од Русија, како што е Луј Витон.

Слични содржини