Повеќето мислат да тргнат кон Канада

Анкета спроведена во последните денови меѓу Американците покажа алармантна тенденција- страв од евентуалното избирање на Доналд Трамп за претседател, пишува The Hill. За повеќето од идните емигранти, Канада е местото каде би отишле, покажуваат податоците. Тоа веднаш предизвика реакција на властите во соседната држава и премиерот Џастин Трјудо кој изјави дека во Канада ќе се радуваат на сличен настан иод срце ке бидат пречекани Американците.
Хилари Клинтон, која е веројатен кандидат против Трамп на изборите наесен е убедена дека нема како ексцентричниот милијардер да победи и да влезе во Белата куќа. Но таа е категорична дека дури и тоа да се случи, нема да ја напушти државата.
Инаки републиканецот Доналд Трамп и демократот Хилари Клинтон победија на партиските избори во Флорида во еден од најтешките денови на гласањето за кандидати за трката за иден претседател на САД. Екс државниот секретар Клинтон го победила нејзиниот ривал Берни Сандерс во Северна Каролина и Охајо. Милијардерот Трамп пак извојува лесна победа над Марко Рубио во Флорида со што обезбеди 99 делегати за партиската конвенција во јули годинава. Трамп победи и во Северна Каролина и Илиноис.