Во текот на вчерашниот ден на неколку бензиски беа забележани колони возила. Министерот за економија Крешник Бектеши вели во добра состјба се и нафтените резерви и нема потреба од вакви гужви.
Причини за гужвите од одреден дел граѓаните се шпекулациите на социјалните мрежи дека ќе нема доволно гориво на бензинските пумпи, додека дел од нив биле исплашени откако исто така на социјалните мрежи прочитале дека нафтените деривати ќе поскапат од понеделник.
Во моментов малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,249 денар/килограм и сега ќе изнесува 48,170 ден/кг.
-Од 1.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 48,170 (денари/килограм)
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,496% .
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштија од РКЕ.